top of page
Search
Writer's pictureColored Memories

Една година Colored Memories!

Како што ветивме и најавивме во претходниот.. еве го и нашиот роденденски блог пост! Со овој блог пост сакаме да ви откриеме што има зад сцената од претставата. Како да размислувате во исполнувањето на вашите идеи и како да се однесувате низ процесот на создавање, независно од типот на вашиот продукт или цел.

Колку пати сме биле во ситуација да сакаме да започнеме нешто ново за нас? Независно дали станува збор за бизнис или едноставно нова цел како што се стекнување на нови знаења, вештини, започнување со нова професија и сл., ние секогаш имаме изговори: „не сега“, „немам време“, „од понеделник“, „прво да се случи тоа и тоа, па потоа“ итн. Со овие фрази ние сакаме да купиме време и психолошки го намалиме стравот пред да започнеме со новата авантура. Тој психолошки отпор е всушност првата фаза во процесот на имплементација и воедно првиот клучен фактор, но не и најзначајниот во исполнувањето на поставената цел. Ќе видиме и зошто.


Како започнавме ние.. Промоцијата на "Colored Memories“ ја закажавме четири месеци однапред, кога се уште истата беше само концепт со неколку исцртани илустрации. Да, ние веќе го имавме дефинирано датумот на промоција, првиот ден на пролетта, како и склучено договор со организаторот на саемот за мода и животен стил чија промоција се оддржа во склоп на истиот. Но, зошто ваков чекор? Од две причини, првата е точно дефиниран рок до кога треба да завршите со вашиот проект и со овој чекор вие немате простор да калкулирате со вашето време, а со тоа и ја намалувате моќта на психолошкиот отпор. Едноставно, морате да започнете. :) И втората е мотив да стигнете до посакуваната цел. Е тука вие влегувате во транс. Новата „опасност“, „закана“ на веќе започнатиот процес.


Што се случува кога за прв пат сакате да искачите некоја планина? Имате непознат терен, пат и услови кои не можете во целост да ги предвидите и во таква ситуација наместо да останете смирени и сконцентрирани, започнувате со паника. Таа паника ве тера да носите неразумни одлуки, па започнувате да барате начини како го скратите патот, да го забрзате темпото и едноставно како само да стигнете до целта. Е тука, најчесто ги правиме сите грешки кои се од клучна важност во исполнувањето на првата цел и воедно првата победа од целата авантура. Тука ќе сретнете два типа на луѓе, оние кои сакаат да го достигнат врвот и оние кои ја сакаат авантурата и самото истражување од исполнувањето на посакуваната цел. Врвот е мотив за сите, но причината да стигнете до него нека не биде само тој. Прифатете ја целата авантура и уживајте во неа. Додека учите низ процесот, се случуваат најубавите работи и најголемите спомени. Всушност, процесот е самата цел кој ќе го раскажувате со години, а тоа што сте го виделе таму горе ќе биде само ваша награда која ќе трае буквално неколку минути или секунди. Затоа и претходниот пост го започнавме вака:

„Самиот процес на создавање на еден производ и дело е нешто што би сакале да го доживеете уште стопати! Во оваа фаза вие буквално го живеете производот.“


Со овој пристап вие ќе направите разграничување на формата од содржината. Во нашето секојдневно работење честопати се обидуваме да го чкртнеме нашиот таск“, само за да ја задоволиме неговата форма. Со овој пристап, вие ќе ги завршите вашите задачи, но нема да испорачате ниту една вредност и истите ќе бидат половични. Овој пристап ако го рефлектирате во вашето секојдневие секогаш ќе бидете просечни и секогаш ќе живеете просечно. Во превод, додека го создавате проектот, вие секогаш ќе го имате вториот отпор во процесот, а тоа е како да ја завршите работата на пократкиот начин. Со тоа ќе имате површен прозивод за кој повторно ќе барате оправдување и овој пат фразите ќе ги замените со: „требаше“, „ех да имавме повеќе време“ итн. Во оваа фаза може да се случи и отпор од тимот, затоа ако сте водичот од планината, вие ќе треба да ги смирите, охрабрите и мотивирате членовите да бидат доследни на вашата визија за тоа како ќе стигнете до врвот. А како се прави тоа? Едноствно, со едукација. Ако досега сте качиле неколку врвови, за да ви веруваат, треба да ги споделите вашите искуства и да ги едуцирате за сите можни последици. Затоа и не е важно со што се занимаваме, начинот на кој функционираме и делуваме е потполно идентичен. Е сега.. кога веќе сте издржале во процесот, доаѓаат првите моменти на радост од постигнатиот резултат и освоената цел. Првата победа! Е оваа победа драга публико, е само најава на почетокот на целата ваша авантура. Дали целта кога качувате планина е само да искачите еден врв или тоа качување е само дел од вашата нова авантура наречена планинарење? Првиот врв ќе ги отвори апетитите и ќе ви постави нови цели. За вие да станете планинар не е доволно да качите една планина, туку качувањето на планини ве прави да сте планинар. Гледате, каде беше нашата прва цел и колку е сега мал тој психолошки отпор кој ни делуваше како најголема закана, а каде сме сега? Ја гледате големата слика? Тоа се случува за секоја успешна кариера. Пејачите, актерите, дизајнерите... земете кого сакате.. првенствено сакаат да бидат запознаени од публиката, првата цел им е да отпејат, одиграат, создадат производ, по кој ќе бидат запаметени. Штом успеат во тоа, за станат пејачи, актери, дизјанери, тие мораат да опстанат. Само конзистентноста ја одржува вашата професија. Вашата професија не ја дефинира еден ден работа, туку повеќе од половина живот посвета на таа работа.


„Вашиот пристап кон било која работа нека се темели врз основа на неговата содржина, а не неговата форма.“
„Првата победа е најава на почетокот од целата ваша авантура.“
„Качувањето на планини ве прави да сте планинар. На една, ништо.“
„Само конзистентноста ја одржува вашата професија.“

Нашата прва промоција која се одржа на 20ти март 2019 година, всушност ги најави и нашите најголеми предизвици. Како да се избориме за место на пазарот, како да не дознае нашата публика, вие.. или едноставно како нашата боенка да живее на пазарот со децении? Тоа се голем број на следни активности („многу планини“) кои треба да ги креирате и имлементирате сами и притоа одново ќе се соочите со веќе набројаните фази. Тука запаметете колку беше важен самиот пристап кон извршување на секоја поединечна активност, како и целата авантура и уживајте како што тоа го направивме и ние во изминатата (прва за нас) година. :)


За целата таа авантура пишувавме во нашиот прв блог пост „Сите наши спомени од 2019“, а во роденденското интервју за Stylist.mk ги споделивме искуствата и ги најавивме нашите следни предизвици. Да се множат! <3


61 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page