Започна новата година, па решивме да ги сумираме впечатоците од претходната и да се потсетиме на сите предизвици од кои учевме, на целата авантура која ја започнавме и на секој процес од создавањето на една нова приказна за нас, но и за Македонија – нејзината прва едукативна боенка за млади и возрасни, #ОбоениСпомени | #ColoredMemories.
Па одиме...
Јануари - Февруари | „Создавање...“ Самиот процес на создавање на еден производ и дело е нешто што би сакале да го доживеете уште стопати! Во оваа фаза вие буквално го живеете производот. Секое истражување е нов креативен предизвик и секоја мисла е нов детал од целата сложувалка. Се создаде тимот, се потрошија часови и часови дискусија, истражување, цртање, скицирање, пишување, лекторирање, дизајнирање и подготовки за првата промоција!
Март | „Colored Memories се роди во првиот ден на пролетта!“ Промоцијата на Colored Memories ја закажавме кога истата беше се уште во фаза на идеја, далеку и од концепт на хартија. Ова е нешто што пошироко ќе го зборуваме во следиот блог по повод нашиот прв роденден. Со јасна цел и конкретен рок стигнавме и до првиот прототип во рака, а со неколку непреспиени ноќи и до првиот тираж од 1.000 примероци кои со нетрпение ги очекувавме да пристигнат од СОФИЈА ПРИНТ од Богданци. На 20ти март се случи и првото живели во рамките на Fashion & Lifestyle Expo, каде за само три дена своите полици за книги ги збогатија и првите 200 истражувачи на спомени! <3 Моменти на радост, еуфорија и повторно нов почеток. Промоцијата ви е само почеток и најава на целата трка, на еден маратон кој бара истрајност, конзистентност и постојано учење. Пред нас се појавија и првите предизвици со кои се соочува секој нов прозивод кој се појавува на пазар и за коишто повторно ќе зборуваме во најавениот роденденски блог. ;)
Април | „Здраво здраво, јас сум..“ Првото претставување во јавност го имавме на покана од неколку медиуми и ТВ водители за гостување во нивните емисии. Голема благодарност до МРТ, Будење со Јулија, Утринска на Телма, Ја Сакам Македонија, Урбан ФМ, 24Вeсти и УрбанТаг кои први ни дадоа можност да ви ги доближиме Обоените Спомени од Македонија. А ние со цел да бидеме што поблиску до вас, ги отворивме нашите први профили на Facebook, Instagram и YouTube. Ако не сте не заследиле, еве можност. :)
Мај | „Достапна за сите!“ Кога ги запознавате луѓето со вас, треба да им овозможите и лесно да ве пронајдат во оној момент кога ќе им затребате. Тоа e и сеуште наша цел - достапни за сите! Ги започнавме нашите први соработи со најголемите книжарници кај нас: Издавачки центар ТРИ, Литература МК, Алби и Офис Плус и ја проширивме нашата продажна мрежа во: Бродот на среќата, Скопска чаршија - Нука Трејд, Drip Coffee Skopje, Skopje Downtown Hostel, Џолев и уметностите и Magda Station. Една од нашите најдраги спомени во овој месец беше и учеството на 31. Меѓународен саем на книга во Скопје каде ја одржавме втората директна промоција. Една недела дружење и нови 100 истражувачи на спомени. Дефинитивно нашиот најдраг спомен се инстаграм потписите на најмладите посетители од саемот. :D
Јуни – Јули – Август | #ColoredMemories патува низ светот! Пристигнаа и првите поздрави од истражувачите на спомени низ светот. Шведска, Германија, Словенија, Франција.. нашите истражувачи ја препознаа оваа боенка како одлична за #подарок! Нејзината вредност ја препознаа и првите компании: Macedonia 2020, Шведска Амбасада, Крусел, Навигаторс, Џолев и уметностите и Среќа.мк кои ја подарија на своите соработници. Во овој летен период ги уживавме нашите езерски убавини и ги доближивме спомените до охриѓани и стружани преку новите продажни места ZZ Top, Knizarnica Prosveta, Knizarnica Klio - Книжарница Клио Струга.
Септември - Октомври | „Online продажба и специјално пакување“
По повод денот на независноста на нашата држава за прв пат започнавме online продажба, каде за секоја купена боенка обезбедуваме гратис достава низ цела Македонија. Оваа активност ни даде поттик да размислуваме пошироко, па го склучивме договорот со најголемата online книжарница во Македонија - КупиКнига, а со тоа Colored Memories стана достапна до истражувачите од целиот свет!
Секој подарок треба да биде добро спакуван, за да биде и уште подобро отпакуван. :) Го направивме нашето специјалното пакување кое го добивате гратис со секоја online купена боенка, а за тоа како може истата да ја Отпакува.ме ни демонстрираше Игор.
Ноември | „Каде овој викенд?“ Често пати нашите пријатели не прашуваа што значи туристичкиот водич во една едукативна боенка. Кога го истражувате светот, најчесто туристичките водичи се тие кои ви ги раскажуваат приказните, а на вас ви остануваат спомените. Па така настана и нашиот #раскажувач кој го симболизира туристичкиот водич, водејќи ве низ спомените од Македонија, а сите кои се дел од нашата приказна се #истражувачи на тие спомени. Оттука, настана и идејата за нашата нова рубрика #КадеOвојВикенд, која ја промовираме на социјалните медиуми секој четврток во неделата спојувајќи ги спомените од боенката во интересни предлог викенд тури. На овој начин нашиот туристички водич е во постојана комуникација со вас, а во иднина се надеваме и во комплетна организација на овие викенд тури. :D
Декември | „Топ подарок!“
Месец на светулки, шаренила од топли бои, греено вино, насмевки, прослави и подароци, а дека Colored Memories е одлична за подарок ни потврдија и веб порталите srekјa.mk и makmoda.mk кои ја избраа нашата боенка во топ 3 креативни новогодишни подароци за 2019.
Воедно и Kika Aveiro ја избра Colored Memories која не изненади со одлично видео пренесувајќи го нејзиното искуство со Обоените Спомени, присетувајќи се на интересни случувања кои ги имала во текот на патувањата низ Македонија.
Поттикнати од празничната еуфорија, реализиравме и три разиграни giveaway-а каде се подаруваа спомени.. Kika Aveiro, Ksenija Nikolova и Dave's Kitchen ја подарија оваа боенка на своите следбеници на Инстаграм, а ние во соработка со Grouper ја реализиравме празничната промоција со супер попуст и специјално пакување гратис!
Нашата боенка, го заокружи месецот со весела празнична прошетка. Се сретна со голем број посетители на Winterland во Скопје, уживаше во музиката и добрата храна и гордо се фотографираше под светулките во сите бои!
Изминатата година за нас беше <3 !
Оваа година нашите цели се да започнеме со печатење на новиот вториот тираж и нов продукт со нови Обоени Спомени.
П.с Во моментов штотуку ни пристигна и поздрав од Њујорк!
Оваа година нека биде спомен и радост за секого! Среќна 2020.
Comments